24фудбал

Недвед и Ањели имале расправија по поразот во финалето од Купот на Италија

„Газета дело Спорт“ пишува дека Павел Недвед и Андреа Ањели имале вербална расправија по поразот на Јувентус во финалето од Купот на Италија.

Италија

Јувентус за првпат по 2010-11 ќе заврши една сезона без трофеј. Недвед никогаш не бил голем фан на Масимо Алегри, тој заедно со Паратичи се залагаше за негов отказ во 2019 година.

Според „Газета дело Спорт“, Недвед го обвинил тренерот и однесувањето на некои од играчите за поразот од Интер во финалето од купот.

Недвед веднаш по натпреварот се сретнал со Алегри и неколку искусни фудбалери и во лице им го кажал тоа што го мисли.

Потоа имале состанок директорите заедно со сопственикот Андреа Ањели на кој дошло до тензична расправија.

Кога се вратиле во хотелот биле променети и првичните планови. На фудбалерите и на стручниот штаб веднаш им било наредено да се вратат во Торино иако требало да си заминат во четврток сабајле.

Некои играчи како Дибала, Мората, Квадрадо, Мекени и Артур, претходно добиле зелено светло да останат во Рим и да се вратат со задоцнување од два дена, но тоа се променило откако го загубиле мечот, па морале и тие да се вратат заедно со останатите.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.