24фудбал

Конте: Артета наместо да се жали, подобро е да си го гледа тимот

Антонио Конте му одговори на Микел Артета кој беше бесен на судиите по вчерашното дерби на Северен Лондон кое топчиите го загубија.

Англија

Арсенал убедливо со 3-0 го загуби дербито од Тотнем и си ја загрози четвртата позиција. По мечот Артета беше бесен на судиите кои досудија пенал за противникот и го исклучија Холдинг.

Антонио Конте смета дека се било регуларно и Микел Артета наместо да се жали, треба да си го гледа својот тим.

„Го слушнав дека многу се жалеше, мислам дека повеќе треба да биде фокусиран на својот тим отколку да се жали. Тој штотуки ја почна тренерската кариера и треба да биде смирен и да продолжи да работи бидејќи мислам дека е многу добар, но не е добро кога слушате дека некој тренер често се жали. Ако ние сакаме да се жалиме, имаме причина тоа да го правиме после секој натпревар“, вели Конте.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.