24фудбал

Артета: Ако кажам што мислам, ќе бидам суспендиран на шест месеци

Тренерот на Арсенал, Микел Артета е гневен на судиите по дербито на Северен Лондон во кое Тотнем победи со 3-0.

Англија

Арсенал со овој пораз си ја загрози четвртата позиција, сега немаат право ниту на реми во последните две кола за да го задржат местото кое води во Лигата на шампионите, а натпреварите не им се лесни.

Тотнем поведе со гол од пенал, кој можеби беше и лесно досуден, потоа следуваа два жолти картони на Холдинг и Арсенал еден час играше со фудбалер помалку.

„Ако кажам што мислам, ќе бидам суспендиран на шест месеци, па не можам да кажам. Дозволено ми е да дадам моја интерпретација за тоа што се случуваше на натпреварот, но не знам како да лажам, не сакам лажење, па преферирам да не го кажам тоа што мислам“, вели Артета.

„Викнете ги судиите, тие нека ги искоментираат своите одлуки пред камера, нека ги објаснат нивните одлуки, тие се нивни одлуки. Штета е, затоа што таков прекрасен меч беше уништен од нив“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.