24фудбал

Сон разочаран, но за Конте тимот е поважен од индивидуалецот

Хеунг Мин Сон е резочаран што беше повлечен од игра против Арсенал, но Антонио Конте не го интересираат индивидуалните награди и тимот е поважен.

Англија

Тотнем со 3-0 го доби дербито на Северен Лондон против Арсенал и драстично си ги зголеми шансите за топ четири пласман и настап во Лигата на шампиони.

Кога беше јасно дека трите бода остануваат кај домаќините, Антонио Конте реши од игра да го повлече Хеунг Мин Сон. Напаѓачот од Јужна Кореја беше разочаран од ваквиот потег со оглед на тоа дека се бори со Мохамед Салах за насловот најдобар стрелец во Премиерлигата.

 „Очигледно е дека сакав да играм, што друго да кажам? Но менаџерот донесе одлука и јас морам да ја почитувам. Ми кажа дека имаме важен натпревар во недела и затоа ме повлекол од игра. Не сум лут, едноставно сум разочаран. Сакав да породолжам да играм, но во недела имаме важен натпревар и треба да бидам подготвен, да бидам свеж и пак да му помогнам на тимот“ – изјави Сон, кој еднаш ја тресеше мрежата на „топчиите“.

Антонио Конте ја образложи својата одлука: „Знам дека Сон сакаше да продолжи да игра, но јас морам да мислам и на следниот натпревар, да имаме свежи фудбалери. Трошат многу енергија, па донесов одлука да го одморам. Ми вети дека во недела ќе се обиде да постигне гол“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.