24фудбал

Левандовски нема да стави потпис на нов договор, Баерн ќе го продаде на Барса под два услови

Неколку извори пренесуваат дека Роберт Левандовски го известил Баерн Минхен дека нема да стави потпис на нов договор и сака да замине уште ова лето, „баварците“ ќе го продадат само доколку добијат 40 милиони евра и најдат соодветна замена.

Германија

Роберт Левандовски го известил Баерн дека нема да го продолжи договорот, ова вечерва го пренесоа неколку извори. Напаѓачот сака уште ова лето да замине од Алианц Арена и да не чека до следната година, кога беспари ќе може да го напушти Минхен.

Негова желба е да направи трансфер во Барселона, се говори дека „каталонците“ му нудат соработка на три години.

Кикер пренесува дека Баерн Минхен ќе го продаде Роберт Левандовски под два услови. Прво, потребно е да се најде соодветна замена за Полјакот, а како второ, Барса ќе треба да плати 40 милиони евра како обесштетување.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.