24фудбал

Бензема се изедначи со Раул, Винисиус забележа хет-трик, Реал ја наполни мрежата на Леванте (ВИДЕО)

Реал Мадрид со убедливи 6-0 го совлада Леванте, Карим Бензема се изедначи со Раул како втор стрелец во историјата на „кралевите“, Винисиус Жуниор забележа хет-трик.

Шпанија

Реал Мадрид ја наполни мрежата на Леванте, избраниците на Карло Анчелоти вечера беа расположени и славеа со убедливи 6-0.

Менди го отвори резултатот во 13. минута, Карим Бензема зголеми на 2-0 во 19. минута, за Родриго да реализира рутински за 3-0 во 34. минута. До крајот на првиот дел падна уште еден гол, Винисиус Жуниор погоди за 4-0 во 45. минута.

Бразилецот по втор пат се запиша во листата на стрелците во 68. минута, за во 83. минута да забележи хет-трик.

Нашиот Енис Барди влезе во игра пред крајот на првиот дел, кога веќе беше јасно дека Леванте нема што да бара на овој меч.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.