24фудбал

Официјално: Астон Вила потпиша перманентен договор со Кутињо, познати се и бројките

Астон Вила го комплетираше ангажманот на Филипе Кутињо од Барселона, Бразилецот заврши со каталонскиот клуб, стави потпис на договор до јуни 2026 година со клубот од Бирмингем.

Англија

Астон Вила успеа во намерата да го обезбеди потписот на Филипе Кутињо за наредните четири години, тој повеќе не е фудбалер на Барселона.

Астон Вила со задоволство може да соопшти дека потпиша перманентен договор со Филипе Кутињо од Барселона. Бразилскиот плејмејкер потпиша договор до 2026“, стои во соопштението на клубот.

Астон Вила не ги соопшти бројките, но тоа го направи Барселона.

Каталонскиот клуб соопшти дека за трансферот на Кутињо ќе добие 20 милиони евра и половина од сумата за која Астон Вила би го продала Бразилецот во иднина.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.