24фудбал

Перишиќ го нападна Интер за неговиот договор: Не можете така да се однесувате со важните фудбалери

Иван Перишиќ синоќа ја запечати победата на Интер над Јувентус во финалето од Купот на Италија постигнувајќи убав гол.

Италија

Иван Перишиќ е еден од клучните фудбалери на Интер, неговиот договор истекува по крајот на сезоната, а тој се уште не знае дали ќе продолжи или ќе си замине.

„Не знам што ќе се случи со моето продолжување на договорот со Интер, но незамисливо е да имате ваква ситуација со важните фудбалери.. не може да чекате до крај“, изјави Перишиќ по вчерашниот меч кога беше запрашан за договорот.

Претходно извршниот директор на Интер, Бепе Марота изјави дека добри се шансите да го продолжат договорот со Перишиќ.

Но според Фабрицио Романо, Интер му нуди помала плата на Перишиќ од таа која ја добива со актуелниот договор.

Доколку Перишиќ не се сложи да игра за помала плата, а клубот не сака да ја зголеми понудата, тогаш Хрватот во следната сезона ќе има нов клуб.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.