24фудбал

Мисијата на Ливерпул станува потешка, можеби и пораз на Сити нема да им заврши работа

Убедливите победи на Манчестер Сити во последните две кола од Премиерлигата веројтно ќе им овозоможат и со пораз да ја освојат шампионската титула во Англија.

Англија

Ремито против Тотнем значително ги намали шансите на Ливерпул за освојување на титулата. Ако претходно им беше доволно и реми на Манчестер Сити, сега мора да се надеваат само на пораз на ривалот.

Но, ситуацијата станува таква да и пораз на Манчестер Сити веќе нема да биде доволен поради гол разликата која тимот на Пеп Гвардиола ја создава во последните натпревари.

До пред неколку кола Ливерпул имаше подобра гол разлика од Манчестер Сити, но веќе не е така. 

Тимот на Пеп Гвардиола убедливо го добива последните натпревари. Синоќа со 5-1 го победи Вулвс, а претходно со 5-0 славеше над Њукасл.

Манчестер Сити има 94 голови дадено и 22 примено, тоа е гол разлика од +72.

Ливерпул има 89 гола дадено и 24 примено, гол разлика од +65.

Тоа значи дека Ливерпул и да дочека пораз на Манчестер Сити, ќе треба да надополни и гол разлика од 7 голови за да стане шампион.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.