Категорија: Англија 11.05.2022 22:46
По три меча без победа, избраниците на Томас Тухел стигнаа до цел плен и со триумф од 0-3 си заминаа од гостувањето кај Лидс.
Маунт прекрасно погоди од врвот на шеснаесетникот за 0-1 веќе во четвртата минута, а работата на „сините“ дополнително им се олесни кога Даниел Џејмс доби директен црвен картон во 24. минута.
Челси ја искористи бројчаната предност во продолжението од натпреварот, Пулишиќ зголеми на 0-2 во 55. минута а точка на натпреварот стави Лукаку во 83. минута.
Лидс со овој пораз остана во зоната за испаѓање и грчевито ќе се бори за опстанок, „белите“ исто така испишаа негативен рекорд и станаа првиот тим во историјата на Премиерлигата со 100 жолти картони во една сезона.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.