24фудбал

Араухо е буден и свесен, најстрашното помина

Фудбалерот на Барселона, Роналд Араухо е свесен по потресот на мозокот кој го имаше на вчерашниот натпревар против Селта.

Шпанија

Барселона победи со 3-1, но овој триумф беше во сенка на она што му се случи на Араухо.

По еден судар со главите со својот соиграч, Гави, се чинеше дека се е во ред кога Араухо наеднаш падна на теренот во безсознание.

Медицинските екипи реагираа и го однесоа во болница. Тој ноќта се освестил и сега е во добра состојба.

Барселона преку соопштение потврди дека Араухо имал потрес на мозокот, ќе остане во болницата додека да му бидат извршени сите потребни медицински тестови.

Во текот на денот се очекуваат и подетални информации за неговото здравје.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.