24фудбал

Премиерлигата би можела да има седум клубови во Лигата на шампиони по 2024!

ФИФА денеска даде зелено светло за промена на форматот на Лигата на шампиони, а во едно лудо сценарио, Премиерлигата би можела да има дури седум клубови во најелитното европско натпреварување.

Лига на Шампиони

Премиерлигата е најсилното и најбогата првенство во Европа па може на редовна основа да има по пет клубови во Лигата на шампиони по 2024 кога ќе биде променет форматот на најелитното натпреварување.

Во лудо сценарио, Англија би можела да има дури седум претставници во Лигата на шампиони.

Премиерлигата има загарантирани четири места, а големи се шансите да добијат и плус едно место од оние двете кои ќе бидат наменети за двете земји со најдобар ефект во сезоната претходно (доколку сега се употребува овој систем, Англија добива екстра место во четири од последните пет сезони).

До бројката од седум се стигнува доколку клубови кои нема да финишираат во топ пет на табелата, триумфираат во Лига Евроа и Лигата на шампиони.

УЕФА сепак смета дека едно вакво сценарио е практично невозможно, преставник на европската куќа за Скај Спортс коментира: „Шансите се исто како метеорит да ја погоди оваа просторија“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.