24фудбал

Васоски си поднесе оставка од клупата на Сараево (ВИДЕО)

По серијата лоши резултати, Александар Васоски одлучи да го напушти кормилото на ФК Сараево.

Македонија

По вечното дерби против Железничар кое заврши без победник, 1-1, Васоски соопшти дека заминува од позицијата прв тренер на Сараево.

Васоски си поднесе оставка иако Сараево допрва треба да го игра финалето во Купот на БиХ против Вележ по кое неговиот тим може да ја оствари зацртаната цел, излез во Европа.

„Поради серијата слаби резултати, ја преземам одговорноста и си поднесувам оставка од клупата на Сараево. Сметам дека тоа можеби е најдобра шок терапија пред финалето на купот. Им посакувам се најдобро на сите во клубот, им се заблагодарувам на навивачите и му посакувам на тимот да го освои купот“, изјави Васоски.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.