24фудбал

Кјелини со провокација до Интер ја вжешти атмосферата пред финалето: Ова ќе ми биде 21-ва титула, а не 20-та...

Џорџо Кјелини реши да ја вжешти атмосферата пред утрешното финале во Купот на Италија и испрати провокација до Интер, дефанзивецот си ја вброи и титулата која Јувентус ја изгуби по Калчополи скандалот.

Италија

Јувентус и Интер утре ќе ги одмерат силите на Олимпико во Рим во финалето од Купот на Италија, Џорџо Кјелини ќе има прилика да стигне до трофејот број 20 во својата кариера.

„Всушност тоа би бил трофејот број 21“ – рече Џорџо Кјелини алудирајќи на Скудетото кое Јувентус го изгуби по Калчополи скандалот.

„Има огромно ривалство помеѓу двата клуба, па ајде малку да ја вжештиме атмосферата со стари спомени...“

Италијанецот е под договор со Јувентус до 2023 година, но се говори дека ќе го напушти клубот по крајот на сезоната.

„Сакав да го почекам финалево, морате да се фокусирате на фудбалот се додека имате за што да се борите. Потоа во следните денови ќе видиме. Слично беше и минатата сезона. Можев да одам во пензија по крајот на Европското првенство. Можеби немаше да бидам тука доколку ВАР не го поништеше голот на Австрија“.

„Ајде да помине овој натпревар па потоа ќе видиме“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.