24фудбал

Зелено светло за новиот формат на Лигата на шампиони, еве што не чека од сезоната 2024/25

УЕФА попладнево соопшти дека извршниот комитет дал зелено светло за новиот формат на Лигата на шампиони, најелитното европско натпреварување ќе брои 36 тима од сезоната 2024/25 и ќе се игра по „швајцарски систем“.

Лига на Шампиони

По многу натегања, УЕФА постигна договор со Асоцијацијата на европски клубови и Асоцијацијата на Европски лиги за промените на форматот на Лигата на шампиони кои ќе стапат на сила во 2024 година.

Најелитното европско натпреварување ќе брои 36 тима, ќе нема групна фаза како до сега, односно ќе има една група и ќе се игра по „швајцарски систем“. Наместо предложените десет натпревари, направен е компромис поради згуснатиот распоред, па ќе има осум натпревари (секој тим ќе одигра четири натпревари дома и четири во гости). Најдобрите осум екипи ќе одат директно во осминафиле, додека пласираните од деветото до 24-тото место ќе играат плеј-оф рунда за пласман во осминфинале, по што битката за трофејот ќе продолжи по нормалниот елиминациски систем.

Направен е компромис и за тоа како ќе се делат дополнителните четири места. Првичниот предлог, клубовите кои ќе имаат најголем коефициент во изминатите пет години, а немаат обезбедено пласман во ЛШ преку домашните првенства да добијат билет предизвика многу критики, па УЕФА и останатите учесници во фудбалот најдоа нов начин на распределба.

Двете земји кои ќе бидат најдобри според настапите на своите клуови во трите европски натпреварувања ќе добијат место плус во Лигата на шампиони. Доколку реформите стапеа на сила сега, Англија и Холандија ќе добија по еден преставник плус.

Едно место плус ќе има за петопласираната земја на УЕФА ранг-листата, а едно место е предвидено и за „малите“ преку шампионската група во квалификациите, па во иднина ќе влезат пет клуба преку оваа рута наместо сегашните четири.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.