24фудбал

Виралната изјава на Анри: Сите во Европа се плашат од Реал Мадрид, а Реал Мадрид се плаши од Барселона

Поранешниот играч на Арсенал и Барселона, Тјери Анри има изјава која за кратко време стана вирална, вели дека сите во Европа се плашат од Реал Мадрид а Реал Мадрид се плаши од Барселона.

Лига на Шампиони

Реал Мадрид режираше три големи кам-бека во Лигата на шампиони, пртов ПСЖ, Челси и и Манчестер Сити и се избори за ново финале во најелитното европско натпреварување.

Имаше многу коментари за тоа каков е менталитетот на „кралевите“ кога е во прашање Лигата на шампионите a легандарниот Тјери Анри излезе со изјава која за кратко време стана вирална.

„Сите во Европа се плашат од Реал Мадрид... а Реал Мадрид се плаши од Барселона“ – вели Французинот, кој три години беше дел од „каталонците“ и играше во тимот под водство на Пеп Гвардиола за кој многумина веруваат дека е најдобар во историјата.

Запрашан за тоа кој е фаворит во финалето кое ќе се игра во Париз на 28. мај, Тјери Анри вели: „Лично јас, мислам дека Ливерпул ќе ја освои Лигата на шампиони. Тие се посилни од Реал Мадрид“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.