24фудбал

Мурињо: Мојата куќа секогаш ќе биде на 200 метри од стадионот на Челси (ВИДЕО)

Во интервју за „Скај Спортс“, Жозе Мурињо искажа убави зборови за Челси, за кој сака да продолжи да биде успешен и со новите сопственици.

Англија

Челси во два наврати работеше во Челси и остави огромен белег во историјата на клубот. 

Неговата семејна куќа е во Лондон, блиску до Стемфорд Бриџ, па Мурињо вели дека сака клубот да биде успешен за да може да слуша извици на среќа до неговата куќа.

„Доколку ме прашате, дали имам некој фаворит кој би сакал да го преземе „мојот Челси“. Да, имам, но ја држам затворена устата, и едноставно знам дека клубот достигна толку високо ниво дека веќе не е важно кој ќе биде сопственик, Челси секогаш ќе биде Челси. И мојата куќа секогаш ќе биде на 200 метри од стадионот, па сакам да продолжам да го слушам звукот на среќа и успех. И сигурен сум дека ќе продолжи да биде така“, изјави Мурињо.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.