24фудбал

Домино ефект од трансферот на Халанд во Манчестер Сити

Трансферот на Ерлинг Халанд во Манчестер Сити може да предизвика уште неколку зделки, Габриел Жесус да се пресели во Арсенал а Карим Адејеми и Себастијан Алер да завршат во Борусија Дортмунд.

Англија

Топ вест изминатиов ден беше најавата за трансфер на Ерлинг Халанд, Норвежанецот донел одлука за својата иднина и го одбрал Манчестер Сити.

Тој веќе ги помина редовните лекарски прегледи и се очекува во следните денови да пристигне и официјална потврда.

Се очекува оваа зделка да предизвика домино ефект и да ги забрза преговорите за уште неколку трансфери.

Медиумите шпекулираат со трансфер на Габриел Жесус во Арсенал, Бразилецот ќе треба да си побара нов клуб а Манчестер Сити да прибере одредени средства.

Борусија Дортмунд исто така ќе има пари за трошење, Карим Адејеми од РБ Салцбург практично е договорен, а се работи и на уште една зделка и ангажман на Себастијан Алер од Ајакс.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.