24фудбал

Скандалозно! Тренерот на Беса си заминал 15 минути пред мечот со Воска! (ФОТО)

Кратко пред почетокот на мечот меѓу Воска спорт и Беса од Добри Дол, гостинскиот тим останал без тренер откако поранешниот помошник на Игор Ангеловски во македонската репрезентација, Џенгис Реџепи си заминал на 15 минути пред мечот, пишува „Спорт1“.

Македонија

Воска победи со 3-0 и ги освои планираните три бода против Беса. Клучна за тимот на Нефи Усеини ќе биде мечот во последното коло против Силекс во Кратово, доколку го загубат тој дуел, а Вардар го победи Кораб во Дебар, тогаш црвено-црните ќе одат во баражот.

„Спорт1“ дознава за скандал на денешниот меч меѓу Воска спорт и Беса. Имено гостинскиот тренер, Реџепи си заминал пред мечот поради притисок дека Воска мора да го добие овој меч.

Ова не е првпат оваа сезона да се случуваат скандали кога игра Воска, тие веќе неколкупати имаа помош од судиите во клучните мечеви, со пенали, пред сѐ во градските пресметки со Охрид Лихнидос.

Беса оваа сезона беше во незавидна ситуација, но пролетва со Реџепи доживеа вистински препород и се спаси од испаѓање откако се искачи на шестото место на табелата.

Реџепи му беше помошник на Ангеловски во златниот период на македонската репрезентација кога беше изборен пласман на Европско пренство. Си замина со заминувањето на Ангеловски.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.