24фудбал

Ајнтрахт против Ренџерс во финалето од Лига Европа (ВИДЕО)

Ајнтрахт Франкфурт го победи Вест Хем со 1-0 и со вкупни 3-1 се пласира во финалето од Лига Европа каде ќе игра против Глазгов Ренџерс кој со 3-1 славеше против Лајпциг.

Лига Европа

Мечот меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Вест Хем се одигра пред фантастична атмосфера која ја креираа фановите на германскиот тим.

Ајнтрахт мечот го почна со водство од 2-1 остварено во Лондон, па на Вест Хем му беше потребна победа.

Но проблемите за Вест Хем се зголемија во 17. минута кога Кресвел доби директен црвен картон и го остави својот тим со играч помалку.

Ајнтрахт го искористи тоа и дојде до победа со гол на Боре во 26. минута.

Лајпциг со 1-0 го победи Ренџерс во Германија, но вечерва шкотскиот тим славеше со 3-1 и се пласираше во финалето.

Ренџерс имаше фантастичен почеток на мечот, со голови на Таверние и Камара веќе по 25 минути игра имаше водство од 2-0.

Во 71. минута Нкуку даде гол и го врати Лајпциг во игра, вкупниот резултат во тие моменти беше 2-2.

Но десет минути подоцна Лундстрам даде гол за победа на Ренџерс од 3-1.