24фудбал

Како Вест Хем не дозволи да им се случи срамот на Барса и инвазија на навивачи на Ајнтрахт (ВИДЕО)

Повеќе од 10.000 навивачи на Ајнтрахт Франкфурт синоќа беа во Лондон, но само 3.000 навивачи беа присутни на стадионот, Вест Хем не дозволи да им се случи срамот на Барселона.

Лига Европа

Елиминацијата на Барселона од Ајнтрахт Франкфурт во Лига Европа не беше единствената болна точка, „каталонците“ беа бесни поради тоа што на стадионот имаше околу 30.000 германски навивачи па иако мечот се играше на Камп Ноу, „орлите“ како да беа домаќини.

Вест Хем синоќа не дозволи да им се случи срамот на Барселона, па иако во Лондон пристигнаа повеќе од 10.000 навивачи на Ајнтрахт Франкфурт, на трибините имаше само околу 3.000 навивачи, колку што им следува според правилата на УЕФА.

Поучени од она што се случуваше на Камп Ноу, „чеканите“ им се заканија на своите фанови дека нема да им дозволат влез до крајот на сезоната, но и следната сезона, доколку својот билет го продадат на фанови на Ајнтрахт Франкфурт.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.