24фудбал

Ливерпул го скрши бункерот на Виљареал и со предност од два гола оди на реваншот (ВИДЕО)

Ливерпул со два гола во второто полувреме дојде до победа од 2-0 над Виљареал и има солидна предност пред реваншот во Шпанија.

Лига на Шампиони

Виљареал одлично се бранеше во првото полувреме, Ливерпул напаѓаше, но тешко создаваше големи шанси. Еднаш ја погодија и стативата, но не успеаа да го најдат патот до мрежата на противникот во првите 45 минути.

Но, рано во второто полувреме дојде првиот гол кој беше случаен. Хендерсон сакаше да нафрли, топката го удри Еступинан, го промени правецот и заврши во мрежата на Виљареал за водство на Ливерпул од 1-0 во 53. минута.

Само две минути подоцна по асистенција од Салах, Мане го зголеми водството на 2-0 што беше и конечен резултат.

Ова е одличен резултат за Ливерпул пред реваншот, Виљареал ќе има тешка задача да ја анулира негативата против силниот англиски тим.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.