24фудбал

Емери: Ливерпул знае дека нема да му биде лесно

Тренерот на Виљареал, Унаи Емери вели дека ова е најдобриот тим на Ливерпул кој го видел, но верува дека црвените нема да го потценат Виљареал.

Лига на Шампиони

Виљареал е најпријатното изненадување во Лигата на шампионите, нивниот успех е уште позначаен ако се знае дека на патот до полуфиналето ги поминаа Јувентус и Баерн Минхен.

„Секој тим во полуфиналето од Лигата на шампионите е таму затоа што заслужил да биде таму. Ливерпул знае дека ние играме одлично во Европа, дека елиминиравме два големи тима како Јувентус и Баерн Минхен. Тие знаат дека нема да им биде лесно“, вели Емери.

„Тие се фаворити, се разбира, но ќе имаат почит за нас. Ова е најдобриот тим на Ливерпул кој сум го видел. Мислам дека тоа е дополнителна мотивација, да се обидеме да го победиме најдобриот тим на Ливерпул на сите времиња“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.