24фудбал

Клоп: Емери е опседнат со детали, тој е неверојатен тренер

Јирген Клоп има големи пофалби за неговиот колега Унаи Емери пред нивната полуфинална пресметка која почнува денеска на Енфилд.

Лига на Шампиони

Вечерва Ливерпул го пречекува Виљареал во првото полуфинале од Лигата на шампионите меѓу овие две екипи. Јирген Клоп вели дека направиле детална анализа за противникот и тој е импресиониран од она што го прави Емери.

„Направивме вистинска анализа. Имав голема почит за Емери и Виљареал и претходно, но сега ги гледав внимателно и бев импресиониран“, вели Клоп.

„Емери е тренер кој е опседнат со детали. Различни начини на пресинг и различни реакции на различни резултати. Тоа е тренер од светска класа кој прави неверојатна работа“.

„Нашиот фокус е само на Виљареал и полуфиналето, тоа е посебен, луд, огромен меч. Многу тренери и фудбалери работат многу напорно за да дојдат до тука и не успеале. Ние ја имаме таа привилегија и треба да уживаме“.

„Ќе има моменти кога ќе страдаме и го знаеме тоа. Не смееме да стануваме нервозни, туку треба да направиме и тие да страдаат. Се надеваме дека ќе дојдеме до добар резултат“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.