24фудбал

Гвардиола: Одигравме фантастичен натпревар, против неверојатен тим

Пеп Гвардиола жали што неговиот тим не го завршил мечот со поубедлива победа, но сепак е среќен од изданието на неговите фудбалери.

Лига на Шампиони

Манчестер Сити со предност од еден гол ќе го почне мечот на Сантијаго Бернабеу, но фудбалерите на Пеп Гвардиола можат да жалат за пропуштените шанси.

„Ова беше фантастичен меч од двете страни. Ние направивме многу добри работи, за жал ги примивме головите, а можевме да постигнеме повеќе. Одигравме фантастичен натпревар против неверојатен тим“, изјави Пеп Гвардиола.

„Во Мадрид ќе одиме да победиме на тој натпрвар. Она што го направивме со топката и без топката, не можам да побарам повеќе од моите фудбалери“.

„Двата тима сакаа да напаѓаат. Двата тима сакаа да играат. Фудбалот беше фантастичен спектакл. Честитки за Карло Анчелоти бидејќи се премногу добри. Опасноста од нив секогаш постои, но ние покажавме дека можеме да играме“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.