24фудбал

Бернардо Силва: Можевме и поубедливо, но најважно е дека победивме

Бернардо Силва беше прогласен за фудбалер на мечот, тој жали што не победиле барем со два гола разлика, но сепак смета дека најважно е што во Мадрид патуваат со позитива.

Лига на Шампиони

Бернардо Силва кој беше еден од стрелците за Манчестер Сити во победата над Реал Мадрид од 4-3, ја доби наградата за играч на мечот.

„Тоа што го одигравме во првите 20 минути беше премногу добро, начинот на кој притиснавме и го контролиравме мечот... за жал не победивме со два гола разлика колку што имавме неколку пати. Но тоа е Лигата на шампионите играте против најсилните“, вели Бернардо Силва.

„Сепак победивме на првиот натпревар. Нашите фанови треба да бидат горди на нас и работата која ја направивме. Можевме да искористиме повеќе од шансите, но ова беше многу, многу добар натпревар од нас“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.