24фудбал

Бензема: Никогаш не е добро кога ќе загубите, но на Бернабеу ќе направиме нешто магично

Карим Бензема е задоволен од тоа што Реал Мадрид го одигра, но не е среќен поради поразот, вели дека на Сантијаго Бернабеу ќе биде многу подобро.

Лига на Шампиони

Манчестер Сити и Реал Мадрид одиграа епски натпревар во Лигата на шампионите кои го добија домаќините со 4-3.

„Никогаш не е добро кога ќе загубите бидејќи ние сме многу внесени во Лигата на шампионите. Најважно беше вечерва што не паднавме и бевме присутни во натпреварот до самиот крај. Сега ќе треба да играме на Бернабеу и ќе ни требаат фановите како никогаш досега и ќе направиме нешто магично, а тоа е победа“, вели Бензема.

Пред мечот со Манчестер Сити, Бензема во Ла Лига промаши два пенали на еден натпревар, но вечерва погоди со паненка.

„Отсекогаш во мојата глава имав дека доколку не изведуваш пенали, нема да промашиш. Тоа е мојата психолошка самодоверба и тоа е се. Имам голема самодоверба во себа и го направив тоа и излезе добро“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.