24фудбал

Тренерот на Ајнтрахт и се извини на Барса и порача: Победава нема да ја заборавам до крајот на животот!

Тренерот на Ајнтрахт Франкфурт, Оливер Глазнер вели дека победата на Камп Ноу и елиминацијата на Барселона нема да ја заборави до крајот на животот, тој исто така се извини за начинот на кој го прославил третиот гол.

Лига Европа

Ајнтрахт Франкфурт синоќа одлично одигра на Камп Ноу, славеше со 2-3 и на големо изненадување ја елиминираше Барселона од Лига Европа.

„Никогаш нема да ја заборавам оваа вечер, ќе ја паметам до крајот на животот. Стадионот беше полн со бели дресови, имаше многу емоции. По крајот на натпреварот на момците им кажав дека сакам да ги погледнам во очи бидејќи изгинаа на теренот“ – вели тренерот на Ајнтрахт, Оливер Глазнер.

„На неверојатен начин го одигравме целиот натпревар, се опуштивме само во судиското надополнување, но ќе им простам за тоа“.

Стратегот потоа испрати извинување до Барселона: „Сакам да се извинам за мојата реакција по третиот погодок бидејќи се упатив кон нивната клупа и можно е погрешно да се потолкува тоа што го направив“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.