24фудбал

Лапорта: Ова е срамота, не смее да се повтори!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта најави истрага за пропустот да се дозволи толку многу навивачи на Ајнтрахт Франкфурт на Камп Ноу и порача дека ова нема да се повтори.

Лига Европа

Барселона синоќа загуби со 2-3 од Ајнтрахт Франкфурт и беше елиминирана од Лига Европа, покрај добро то изндание на гостите, во фокусот беа и гостинските навивачи, кои го преплавија Камп Ноу и на трибините ги имаше околу 30.000 и покрај тоа што официјално им беа доделени само 5.000 билети.

По крајот на натпреварот, Чави го крена гласот и се пожали дека не ја добиле очекуваната поддршка од трибините.

Претседателот Жоан Лапорта најави истрага за пропустот и порача дека нема да се повтори оваа слика.

„Ова е срамота, не смее да се повтори. Имаме многу информации за тоа што се случи, но ќе ни биде потребно време да ги процесиораме. Потоа ќе превземеме мерки, ќе ги објасниме и ова нема да се повтори, бидејќи она што се случи вечерва е нешто невидено и срамно“ – вели првиот човек на Барселона.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.