24фудбал

Вест Хем првпат по 46 години ќе игра европско полуфинале!

Вест Хем првпат по 46 години ќе игра во едно европско полуфинале откако синоќа со убедливи 3-0 го победи Лион на негов терен и се пласираше меѓу четирите најдобри во Лига Европа.

Лига Европа

Натпреварот во Лондон заврши 1-1, па се очекуваше дека ќе биде неизвесно и во Франција, но Вест Хем со 3-0 го победи Лион.

Чеканите го слават Дејвид Мојс кој ги однесе во европско полуфинале за првпат по 1976 година.

Интересно, тогаш играа во Купот на победниците на куповите и го освоија.

Во полуфиналето тие ќе играат против Ајнтрахт Франкфурт, а другото полуфинале го сочинуваат Лајпциг и Глазгов Ренџерс.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.