24фудбал

Барса бара Суперлига а вечерва е елиминирана и од Лига Европа! (ВИДЕО)

Ајнтрахт Франкфурт приреди големо изненадување, со 2-3 славеше на Камп Ноу и ја елиминираше Барселона од Лига Европа, големи се шансите „каталонците“ и оваа сезона да ја завршат без освоен трофеј.

Лига Европа

Серијата од 15 меча без пораз на Барселона е прекината во најлош момент, вечерва Ајнтрахт Франкфурт славеше на Камп Ноу со 2-3 и ги елиминираше „каталонците“ од Лига Европа.

Костиќ ги донесе гостите во водство од 0-1 во 4. минута, Србинот прецизно биеше од белата точка. Во 36. минута, Боре погоди прекрасно од далечина за 0-2. По дваесетина минути игра во второто полувреме следеше нов студен туш, Костиќ со својот втор гол зголеми на 0-3.

Бускетс во првата минута од судиското надоплнување намали на 1-3, Депак од пенал во 101. минута реализираше за 2-3, но немаше време за чудо, па Барса и оваа сезона најверојатно ќе ја заврши без трофеј.

Вест Хем со 0-3 славеше на гостувањето кај Лион и обезбедија полуфинале во Лига Европа.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.