24фудбал

Ново видео од пред тунелот покажува кој ја започна мешаницата помеѓу Атлетико и Сити (ВИДЕО)

По крајот на натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Манчестер Сити во Лигата на шампиони настана голема мешаница во тунерлот од стадионот, мораше да интервенира и полицијата.

Лига на Шампиони

Натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Атлетико Мадрид имаше и трето полувреме, во тунелот дојде до голема мешаница, според видеото што беше објавено, Врсаљко беше главен актер, сакаше да се пресмета со гостите, и откако не успеа во намерата, прво фрли со шише а потоа и плукаше по фудбалерите на Манчестер Сити.

Попладнево се појави нова снимка од пред тунелот која покажува како започна целата мешаница.

Главен виновник е Кајл Вокер, кој го турна докторот на Атлетико (Давид Лопез) а потоа се закачна со Врсаљко, кој експлодираше и тргна да се тепа.