24фудбал

Коке: Ние кога го правиме тоа одма не критикуваат, ајде да видам што ќе кажат луѓето за Сити и Пеп

Капитенот на Атлетико Мадрид, Коке вели дека е горд на неговите соиграчи од прикажанот против Манчестер Сити, вели дека ситуацијата ескалирала поради тоа што противникот намерно лежел на тревата и задржувал време.

Лига на Шампиони

Манчестер Сити се пласираше во полуфинале од Лигата на шампиони откако одигра 0-0 на гостувањето кај Атлетико Мадрид и го преживеа реваншот на „Ванда Метрополитано“.

Натпреварот првично беше продолжен за 9 минути, но настана голема мешеница крај аут линијата по прекршокот на Фелипе врз Фоден. Стефан Савиќ се обиде да го крене Англичанецот кој лежеше на тревата, по што притрчаа сите и почнаа да расчистуваат сметки, токму Савиќ беше најжесток во расправијата, го потегна Грилиш за коса и му удри глаав на Стерлинг. Откако се смирија страстите, фудбалот продолжи и екстра времето беше 13 минути.

„Текот на настаните ве носат кон вакво лудило, кога гледате дека имате шанси а противникот паѓа на тревата и троши време“ – вели капитенот на Атлетико, Коке.

„Многу пати сме биле критикувани во вакви ситуации, луѓето велеле дека сме играле анти-фудбал. Но денеска Сити го правеше тоа, ајде да видам што ќе кажат луѓето за нив“.

„Јас само можам да кажам дека сум горд на овој тим, горд сум на моите соиграчи што изгинаа на теренот, немам што да им замерам. Горд сум и на фановите, кои ни дваа поддршка цело време, а на крајот останаа и ни дадоа аплауз. Ова е Атлетико“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.