24фудбал

Гвардиола: Секогаш е комплицирано да се игра на овој стадион

Пеп Гвардиола е среќен што Манчестер Сити е во полуфиналето од Лигата на шампионите, но вели дека ако играат како во второто полувреме и против Реал Мадрид, ќе загубат.

Лига на Шампиони

Манчестер Сити синоќа ја сочува предноста од 1-0 со која отпатува во Мадрид и се пласираше меѓу четирите најдобри во Лигата на шампионите.

Атлетико Мадрид жестоко нападна во второто полувреме, но Манчестер Сити одолеа на тоа. Мечот го одбележаа и инциденти во финишот од мечот и по крајот.

„Секогаш е комплицирано на овој стадион во ова натпреварување. Не можеме да очекуваме дека секогаш ќе играме прекрасно и ќе победуваме со три или четири нула. Треба и да страдаме. Горд сум бидејќи противникот беше многу добар. Се обидовме да им ја земеме топката, но не можевме. Со фудбалерите кои ги имаат и шансите кои ги креираа, можеа да ни дадат гол“, вели Гвардиола.

Во полуфиналето Манчестер Сити повторно ќе игра со тим од Мадрид, овојпат со Реал.

„Тие се кралевите на натпреварувањето. Ова е наше трето полуфинале. Доколку играме како во второто полувреме тогаш нема да имаме шанси против Реал. Ќе се обидеме да играме како во Манчестер и како делови од првото полувреме тука“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.