24фудбал

Жестоко беше во тунелот на Ванда Метрополитано, Врсаљко плукаше откако не можеше да удри, полицијата спречи голем инцидент (ВИДЕО)

Во финишот од натпреварот меѓу Атлетико Мадрид и Манчестер Сити имаше многу тензија и инциденти на теренот кои се префрлија и во тунелот.

Лига на Шампиони

Атмосферата на мечот се вжешти во 90. минута кога Фелипе го удри Фоден по што настана голема мешаница меѓу двете екипи, фудбалерот на Атлетико Мадрид беше исклучен.

Потоа до последниот судиски свиреж беше тензично, а инцидентите продолжија и во тунелот од стадионот.

Според видеото, најжесток беше Врсаљко кој се впушти во тепачка, но беше спречен па почна да плука. Полиција спречи уште поголем инцидент.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.