24фудбал

Нагелсман: Виљареал се бранеше со осум фудбалери во шеснаесетникот, тешко ни беше да пробиеме

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман е разочаран по елиминацијата на неговиот тим, свесен е дека ова не е доволно добра сезона за Баварците.

Лига на Шампиони

На хартија Баерн Минхен беше голем фаворит против Виљареал кој се наоѓа на седмото место на табелата во Ла Лига.

Но на теренот замислите на Нагелсман не се реализираа, Унаи Емери беше тренерот кој ја доби битката.

„Имавме 68 проценти посед. Кога тие се бранат со осум играчи во шеснаесетникот, тешко е да пробиете. Голот кој го примивме е нешто типично, тие ја земаа топката и организираа контра, тоа е дел од играта, дел од шпанскиот менталитет, нешто типично за јужните тимови. Се изинувам ако кажав нешто непристојно. Но не го обвинувам противничкиот тим“, вели Нагелсман.

„Ни недостасуваше втор гол да се квалификуваме. Притискавме добро, притисокот беше добар, но ништо од тоа не вреди кога сме елиминирани. Сезоната не е доволно добра за Баерн. Полуфиналето беше минималната цел која ја имавме“.

„Уште не сум зборувал со фудбалерите, треба да помине малку време за да разговараме. Сега нема смисла да зборуваме, никој нема да слуша по ваква елиминација, ова е многу тажен ден. Го загубивме овој двобој во првиот натпревар“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.