24фудбал

Парехо: Нагелсман рече дека жали што не го решиле победникот во првиот меч, покажа непочитување кон Виљареал, но...

Фудбалерот на Виљареал, Дани Парехо потсети на изјавата на Јулијан Нагелсман пред мечот која беше потценувачка за шпанскиот клуб.

Лига на Шампиони

Младиот тренер Јулијан Нагелсман доживеа непријатен пораз откако беше елиминиран од Виљареал во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Неговата претходна изјава дека жали што уште во првиот меч не го решиле патникот во полуфиналето, му се удри од глава.

„Нагелсман рече дека сакал да го реши двобојот уште во првиот меч. Мислам дека тој покажа непочитување кон Виљареал и фудбалот. Понекогаш кога ќе плукнете, плунката паѓа на вашето лице“, рече Парехо.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.