24фудбал

Милионите на Њукасл не се доволни, Милан го договори трансферот на Свен Ботман

Од Англија пристигнува информација дека Милан ја добил битката со Њукасл за потписот на Свен Ботман, дефанзивецот ќе се пресели на Сан Сиро во трансфер вреден околу 33 милиони евра.

Интервју

Свен Ботман ќе биде првото засилување на Милан за сезоната 2022/23, ова попладнево го пренесе новинарот Скот Вилсон. Тој пренесе дека „росонерите“ му нанеле удар на Њукасл на трансфер пазарот и договориле зделка со Лил вредна 33 милиони евра плус бонуси.

Милан на Холанѓанецот ќе му понуди петгодишна соработка и плата од 3,5 милиони евра по сезона.

Новинарот Фабрицио Романо пак пишува дека Милан е многу блиску до комплетирање на трансферот на Свен Ботман, преговорите се во напредна фаза и зделката се „крчка“ со месеци.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.