24фудбал

Судијата објасни зошто се случи Баерн Минхен да игра со 12 фудбалери (ВИДЕО)

На вчерашниот натпревар меѓу Фрајбург и Баерн Минхен се случи скандалозна грешка откако во еден момент Баварците имаа 12 фудбалери на теренот.

Галерија

Тоа се случи во финишот од мечот и траеше само неколку секунди, па немаше никакво влијание врз играта.

Грешката се случи кога од игра требаше да излезат Коман и Толисо, а да влезат Сабицер и Шиле. Излезе само Толисо, Кингсли Коман остана во игра.

„Тоа беше комплетна конфузија на теренот. Баерн Минхен имаше двојна замена, а првично беше покажан погрешен број, па затоа Коман не сфати дека тој треба да ја напушти играта. Тоа беше главната причина поради која Баерн Минхен беше со 12 играчи на теренот во тој краток интервал. Го воочивме тоа и ја прекинавме играта, се консултиравме ние колегите и го продолживме мечот. Траеше 15-16 секунди, во тој период не беше постигнат гол. Го нагласивме тоа во записникот, последниот збор ќе го има фудбалската федерација“, изјави главниот судија Дингерт.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.