24фудбал

Меси: После Светското првенство треба да размислам за многу работи

Аргентина синоќа ја победи Венецуела со 3-0, Меси даде еден од погодоците, на прашањето за неговата иднина, тој рече дека по Светското првенство ќе размислува за многу работи.

Јужна Америка

Аргентина синоќа со голови на Гонзалез, Ди Марија и Меси, лесно со 3-0 ја победи Венецуела во квалификациски меч.

По натпреварот Меси беше прашан за неговата иднина.

„Сега размислувам само за следниот натпревар, за Еквадор. По Светското првенство ќе треба да размислам за многу работи“, вели Меси.

Многумина ова го протолкуваа дека Меси размислува да стави крај на репрезентативната кариера по крајот на Светското првенство во Катар.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.