24фудбал

Украинецот Јармоленко го однесе Вест Хем во четвртфиналето (ВИДЕО)

По 120 минути игра Вест Хем со 2-0 ја победи Севиља и се пласираше меѓу осумте најдобри во Лига Европа, херој на чеканите беше украинскиот напаѓач Јармоленко.

Лига Европа

Севиља во Лондон отпатува со предност од 1-0 по првиот натпревар, а по 90 минути и Вест Хем победи со идентични 1-0.

Голот го постигна Соучек во 39. минута од натпреварот.

Се играа продолженија, а во нив, во 112. минута Јармоленко постигна гол за победа од 2-0 и пласман во следното коло. Украинецот и овој погодок го прослави со многу емоции.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.