24фудбал

Луис Суарез има критики за Барса: Не го дадоа ни потребниот минимум за европски натпревари против Галатасарај

Поранешниот напаѓач на Барселона, Луис Суарез имаше критики за играта на каталонскиот тим против Галатасарај.

Лига Европа

Барселона имаше импресивен настап против Наполи, но синоќа против Галатасарај не беше така, Каталонците не можеа да дадат гол на Камп Ноу, натпреварот заврши 0-0.

„На натпреварите во Европа дури и против послаби ривали како Галатасарај, морате да играте на победа, а тие не го дадоа ни минимумот кој треба да го дадете во овие натпреварувања. Агресивност, повеќе трчање, барање да дадете гол со повеќе желба не со таква мекост. Имаа само блесоци. Многу слабо, Барселона беше премногу мека. Имаа проблем да направат додавање. Не разбирам што беше планот на Чави. Барселона многу ме разочара“, изјави Луис Суарез.