24фудбал

Како Меси и Марадона спасија група новинари во Украина (ФОТО)

Чилеанскиот новинар Даниеле Матамала раскажа како тетоважа од Диего Марадона помогнала група новинари од Јужна Америка да куртулат од затвор во Украина.

Јужна Америка

Новинарот Даниеле Матамала заедно со уште неколку новинари од Јужна Америка заминале во Украина за да известуваат за воената интервенција на Русија и малку фалело да завршат зад решетки поради сомнеж дека се шпиони. За среќа куртулиле од затвор благодарејќи на тетоважа од Диего Марадона.

„На еден од пунктовите, полицијата ни ги заплени документите, камерите и телефоните и не пренесе во полициска станица. Првото испрашување беше тензично, земјата е во војна и има многу сомнежи за шпиони и саботери“ – раскажува новинарот.

Тој и неговите колеги мака мачеле да објаснат дека се само новинари од Јужна Америка, но работите се промениле благодарејќи на две познати фудбалски имиња.

„Еден од полицајците го виде пасошот на мојот колега од Аргентина и кажа два збора кои ги разбравме: „Меси“ и „Марадона“. Во тој момент се се промени“.

„Нашиот камерман потоа покажа тетоважа од Диего Марадона. Атмосферата се промени драстично и благодарејќи на „Божјата рака“ и фудбалот успеавме да се извадиме од ситуацијата и да стигнеме до дестинацијата без проблеми“.