24фудбал

Спартак Москва: Спортот треба да гради мостови и во најтешките времиња, не да ги руши

Одлуката на ФИФА и УЕФА да ги суспендира руските клубови го погоди Спартак Москва кој требаше да игра осминафинале од Лига Европа против Лајпциг.

Лига Европа

Рускиот клуб е разочаран од одлуката и смета дека таа е погрешна.

„Одлуката на УЕФА и ФИФА, иако очекувана, е крајно вознемирувачка. За жал нашите напори во Лига Европа се поништуваат од причини кои се далеку од спортски“, велат од Спартак Москва.

„Спартак има милиони фанови не само во Русија, туку ширум светот. Нашите успеси и неуспеси ги зближуваат луѓето од десетици различни земји. Сметаме дека спортот и во најтешките времиња треба да има за цел да гради мостови, а не да ги руши. Принудени сме да ја почитуваме одлуката со која не се согласуваме“.

„Засега ќе се фокусираме на домашните натпревари и се надеваме дека брзо ќе дојде мирот кој на сите им е потребен“.