24фудбал

Спартак Москва ја плаќа цената, ќе биде исфрлен од Лига Европа

Голем број на извори пренесуваат дека Спартак Москва ќе биде исфрлен од Лига Европа, УЕФА се решила на еден ваков чекор поради воената интервенција на Русија во Украина.

Лига Европа

УЕФА и ФИФА се со полни раце работа поради воената интервенција на Русија во Украина, од сите страни пристигнуваат барања за сериозни сакнкции кон клубовите но и репрезентацијата на „зборнајата“.

Во прв момент се чинеше дека нема да има поголеми санкции, но голем број на извори сега пренесуваат дека е повлечен првиот чекор, европската куќа на фудбалот решила да го исфрли Спартак Москва од Лига Европа.

Лидерите на Спартак Москва размислуваа мечот да го играат на неутрален терен во Ереван (Ерменија) или Баку (Азербејџан) но сега се соочуваат со елиминација на зелена маса.

Со ваквата одлука, која ќе биде соопштена во скоро време, РБ Лајпциг ќе се пласира во четвртфиналето.