24фудбал

Одредени паровите за осминафиналето во Лига Европа

Попладнево во Нион беше извршена ждрепката за осминафиналето во Лига Европа, ќе има неколку интересни пресметки како Порто – Лион, Аталанта – Баер Леверкузен, Севиља – Вест Хем и Барселона – Галатасарај.

Лига Европа

Одредени се паровите за осминафиналето во Лигата на Европа, во Нион точно на пладне почна ждрепката.

Љубителите на фудбалот ќе можат да погледнат неколку интересни пресметки како Порто – Лион, Аталанта – Баер Леверкузен, Севиља - Вест Хем и Барселона - Галатасарај.

Првите натпревар се играат на 9 и 10. март, додека пак реваншите се закажани за 17. март.

Порто и Бетис своите мечеви ќе ги играат дома на 9. март за да се избегне судир со натпреварите на Брага и Севиља. 

Лига Европа осминафинале:

Глазгов Ренџерс – Црвена звезда

Брага – Монако

Порто – Лион

Аталанта  - Баер Леверкузен

Севиља – Вест Хем 

Барселона – Галатасарај

РБ Лајпциг – Спартак Москва

Бетис – Ајнтрахт Франкфурт