24фудбал

Лаутаро донесе победа на Аргентина над Колумбија, Бразил убедлив против Парагвај (ВИДЕО)

Еден гол на Лаутаро Мартинез беше доволен за победа на Аргентина над Колумбија од 1-0, Бразил со 4-0 го совлада Парагвај.

Јужна Америка

Со гол на Лаутаро Мартинез во 29. минута Аргентина ја победи Колумпбија и на две кола до крајот ја остави само со теоретски шанси за пласман на Светското првенство.


Бразил кој исто како и Аргентина веќе е пласиран на Светското првенство, го совлада Парагвај со 4-0.

Рафиња во 28. минута даде гол за 1-0, Кутињо со прекрасен гол во 62. минута зголеми на 2-0, а до крајот погодија и Ентони и Родриго.


Уругвај со 4-1 ја победи Венецуела и се искачи на четвртата позиција која директно води на Светското првенство.

Бентакур, Де Араскета, Кавани и Луис Суарез беа стрелци на головите за Уругвај.


Перу и Еквадор одиграа 1-1, Чиле ја победи Боливија со 3-2 на нејзин терен.