24фудбал

Јувентус со „вордле“ го најави трансферот Душан Влаховиќ (ФОТО)

Јувентус на креативен начин го најави потпишувањето на договорот со српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ.

Италија

Во моментов во светот мега популарна е играта „вордле“ во која луѓето го погодуваат точниот збор.

Јувентус се досети токму на овој начин да го најави потписот на Влаховиќ.

Правилата на играта се: Се кажуваат зборови, жолтите букви ги има во точниот одговор но не се на вистинското место, додека зелените се на вистинското место.

Во „вордлето“ на Јувентус, јасно е кој е точниот одговор: „DUSAN“.