24фудбал

Официјално: Јувентус го потврди трансферот на Влаховиќ и ги соопшти бројките

Јувентус и официјално го потврди ангажманот на Душан Влаховиќ од Фиорентина, српскиот напаѓач од денеска е фудбалер на старата дама.

Италија

Трансферот на преодниот рок засега е на Јувентус, италијанскиот гигант го потврди ангажманот на Душан Влаховиќ, а бројките се и поголеми од најавените.

Јувентус соопшти дека на Фиорентина ќе им плати 70 милиони евра на три годишни рати, плус 10 милиони евра во бонуси зависни од настапите на Влаховиќ. Клубот ќе иплати и 11,6 милиони евра за агентот на српскиот фудбалер.

Влаховиќ ќе го носи дресот со број седум.