24фудбал

Влаховиќ е фудбалер на Јувентус, „старата дама“ инвестира преку 150 милиони евра во Србинот

Душан Влаховиќ е нов фудбалер на Јувентус, „старата дама“ го достави договорот на Србинот до Серија А со што е комплетиран трансферот, сега се чека само официјално соопштение.

Италија

Душан Влаховиќ го комплетираше трансферот во Јувентус, откако ги помина лекарските прегледи, стави потпис на соработката со „старата дама“ и договорот е испратен до Серија А.

Сега се чека само официјалното соопштение на двата клуба и официјалните бројки за зделката.

Според пишувањата на Газета дело Спорт, Јувентус инвестира преку 150 милиони евра во Србинот, односно 75 милиони евра како обесштетување на Фиорентина, 63 милиони евра бруто плата и 15 милиони како провизија за агентот.